12 познати мудри мисли за животот на кои постојано треба да се потсетувате

Добивај вести на Viber

Искреноста е многу скап подарок. Не очекувајте од евтини луѓе!

Боже, те барав насекаде. Ти беше во мене, а јас бев надвор од себе! (Свети Августин)

Луѓето никогаш нема да ви го простат успехот, брзото стаување по падот и големата насмевка на лицето.

Биди паметен... но прави се луд - така најдобро ги согледаш работите.

„Мудр е тој што не тагува за она што го нема, туку се радува за она што го има“ (Демокрит).

Кога се качувате по скалите на успехот, секогаш поздравувајте ги оние што ќе ги сретнете на патот, бидејќи можеби повторно ќе ги видите кога ќе слегувате.

Не кажувај се што знаеш, не прави се што можеш, не верувај во се што ќе слушнеш, не давај се што имаш, не сакај се што немаш, само љуби го оној кој искрено те љуби.

Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни, а уште почудно е како секогаш ни недостасува тоа малку.

Купуваме работи што не ни се потребни, со пари што ги немаме, за да ги импресионираме луѓето што не ги сакаме.

Животот е она што се случува додека вие правите планови за животот. (Џон Ленон)

Среќно оженет е само мажот кој го разбира секој збор што неговата сопруга не го кажала. (Алфред Хичкок)

Пријателите ги создава среќата, а несреќата ги тестира.

фото: freepik