16 интересни работи кои може да ги направиме во домашна изолација

Корисни идеи за самоусовршување за време на изолацијата


Концертите се одложени, спортски настани се откажани, училиштата се затворени, се препорачува работа од дома. Сите сонуваме да патуваме некаде, за сега ќе треба само да биде тоа во нашиот ум или дигитално. А, додека да дојде време да патуваме, ние всушност ќе треба да останеме дома некое време. Што може да работиме/правиме дома, особено ако сме во карантин?

1. Наредете сложувалка.

2. Започнете да си водите дневник. Запишете ги сите идеи, мисли и чувства. Откако ќе сè вратите на вашиот стар начин на живот, овие идеи и мисли можат да ви бидат од корист.

3. Свирете музички инструмент.

4. Напишете смс пораки, или порака на фејсбук на сите пријатели со кои не сте имале време да комуницирате.

5. Пишете поезија. Испразнете ја душата над белиот лист. Ова помага да се ослободите од негативните емоции.

6. Гледајте ги сите филмови и ТВ-емисии што не сте имале време порано за нив.

7. Прочитајте ги книгите што сте ги купиле и кои стојат на полиците додека сте биле на работа и зафатени со сите други ангажмани што одземаат многу време.

8. Медитирајте. Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе ги одвоите мислите од мрачните чувства што беснеат во вас. Вдишете длабоко.

9. Грижете се за вашата кожа. Ќе имате многу денови да развиете дневен план за подобрување на изгледот и состојбата на вашата кожа, што ќе продолжите да го следите.

10. Започнете здрава исхрана. Кога сте дома, многу е полесно да се структурирате и да ја следите вашата диета. Не јадете надвор, туку дома, ќе ја подготвувате вашата храна точно како што сакате - со здрави состојки и прецизни порции - нешто што е тешко да се набљудува кога јадете надвор.

11. Цртајте. Дајте слобода на вашите таленти.

12. Исчистете го вашиот дом. Сега треба да направите основно пролетно чистење, да ги фрлите непотребните работи и да и дадете нова свежа енергија, нова шанса да тече во вашиот дом.

13. Средете ја гардеробата.

14. Разговарајте со вашите баби и дедовци по телефон. Ако не сте имале секогаш време да обрнете доволно внимание на нив, направете го тоа сега и ќе уживате во нив.

15. Вклучете се во претприемништво. По кризата во која се наоѓаме, на светот најверојатно ќе им требаат нови услуги и стартапи. Имате многу време да размислите за можен деловен план што ќе го ставите во акција во иднина. Анализирајте ги вашите таленти и способности и одлучете кои од нив ќе ви бидат од корист во таков потфат.

16. Запишете се на курс преку Интернет за да ги подобрите своите различни вештини. Тие исто така може да бидат корисни за вас по карантинот.