3 причини зошто се плашиме да пробаме нешто ново: Го преувеличуваме значењето на потенцијалниот неуспех
Повеќето од нас сонуваат да постигнат нешто во животoт.
Тоа може да биде успех во нашата професија, создавање семејство со личност што ја сакаме, завршување на училиште, основање компанија или нешто друго.
И додека многумина се осмелуваат да ги исполнат своите цели, а голем број луѓе успеваат, има и такви луѓе кои се целосно парализирани од стравот од неуспех и се спречени да дејствуваат конструктивно на кој било начин. Сепак, тие наоѓаат рационализација на нивниот дефетизам (прифаќање и помирување со пораз без борба) и најчесто наведуваат некои од следниве 3 причини за нивната неактивност.
1.Засекогаш ќе бидеме обележани со нашиот неуспех
Луѓето имаат тенденција да ја преувеличуваат важноста на потенцијалниот неуспех. Тие се однесуваат како да се единствените кои случајно ги губат работите што ги планирале. Нема човек на овој свет кој не бил неуспешен во некои од своите намери барем еднаш, па дури и многу луѓе за кои денес сметаме дека се успешни луѓе, најчесто станале такви после низа разочарувања.
2.Трошоците за неуспех се премногу големи
Наводно високата цена на неуспехот е изговор за многумина да не се ни обидат да ја исполнат својата цел. Ако мислите така, сте се предале пред да започне играта. Сè што вреди во нашиот живот бара поголема или помала жртва. На крајот на краиштата, не би чувствувале толку задоволство откако ќе постигнеме нешто ако не сме го заработеле со напорна работа и упорност.
3.Нема придобивки од неуспехот
Бидејќи луѓето главно се концентрираат на негативните последици од неуспехот, тие не се во можност да ги забележат потенцијалните придобивки од доживувањето на личен пораз. И поразите, како и победите се клучни за формирање на нашата личност и стекнување на потребното животно искуство. На овој начин, добиваме мудрост што ни помага да ги препознаеме нашите грешки и да најдеме начин да ги поправиме.