Порасна помалата ќерка на Црнокрак: Нина славеше роденден, а мама и тато на посебен начин ѝ го честитаа

Добивај вести на Viber

Помалата ќерка на семејството Црнокрак, Нина славеше роденден. Секој член од семејството на посебен начин и го честиташе роденден.

Моника, нејзината постара сестра сподели заедничка фотографија, како позираат пред роденденски декорации на кои пишува „Среќен роденден“ и роденденскиот број 13.

„Најсреќен роденден на мојот свет. Те сакам бескрајно“, напиша Моника на фотографијата.

Фотографии со Нина споделија и нејзините родители Мики и Светле Црнокрак.

Познато е дека Нина заедно со нејзиниот татко често одат заедно на фудбалски натпревари и од трибините гласно навиваат за „Црвена ѕвезда“. Па таква беше и честитката на тато Мики, од трибини со маички од „Црвена ѕвезда“.

Мама Светле со малку поемотивна фотографија. Од Нина каква била како бебе, па се до 13-та која ја прослави.

„Среќен роденден, сонце на мама“, напиша Светле.

Нина минатата година во Варна, Бугарија учествуваше на изборот за убавина на деца и тинејџери, „Little Miss & Mister Planet“ и „Miss & Mister Teen Planet 2023“. Во конкуренција деца и тинејџери од целиот свет, за „Little Miss Planet“ беше избрана Нина Црнокрак која тогаш имаше 11 години.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Мики Црнокрак славеше роденден на трибините на „Маракана“: Со помалата ќерка навиваа за Црвена ѕвезда