„30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото“: Билјана Дебарлиева и сопругот прославија годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Водителката Билјана Дебарлиева и сопругот прославија годишнина од брак.

Водителката веќе 30 години е во хармоничен брак со сопругот Јован. Парот од бракот имаат една ќерка и син.

„30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја извлечат насмевката“, напиша Дебарлиева на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.


Препознатлива е по својата смиреност и нежен сезибилитет, секогаш е мелем за очи и уво и кога се гледа и кога се слуша. Иако е веќе на почетокот на шестатта деценија Билја изгледа совршено.

Во интервју за Женски магазин, таа ја даде  нејзината дефиниција за бракот.

„Толеранција, разбирање, взаемна доверба и поддршка и во убавите и во тешките моменти. Отсуство на љубомора, постојана комуникација, понекогаш и одредени отстапки, ама сето тоа за успешно функционирање и на бракот и на семејството“.

Додека најважни совети за двете деца се...Да бидат свои, она што го зацртале пред себе да го реализираат, без оглед на тоа колку некои работи некогаш може да изгледаат тешко остврливи. Да се почитуваат себеси, но да ги почитуваат и другите, да бидат со оние кои им се искрени пријатели, да помагаат во секоја ситуација, никогаш да не се откажуваат и се разбира да уживаат во секој миг од животот. 

Фото: Фејсбук
РЖМ

ПОРТРЕТ: Билјана Дебарлиева открива дали е конфликтна личност и како реагира на критики