5 работи кои гостите прво ги забележуваат кога ќе ти влезат дома: Како да ги доведеш до совршенство?

Интересно, нашиот неред никогаш не ни паѓа во очи, не ни изгледа неподнослив, неизмиените садови во кујната понекогаш и не ги забележуваме, прашаната во тоалетот на шишињата со креми или парфеми ги игнорираме. Но, интересен е фактот што кога одиме на гости сите овие работи ги гледаме и забележуваме. Доколку наскоро очекуваш гости или сакаш секогаш да бидеш подготвена и за оние неочекуваните, мора да знаеш кои пет работи твоите гостите може да ти ги замерат.


Ходникот или претсобјето

Сметаме дека секако се исплати да се чува ходникот уреден, бидејќи тоа е првото нешто што твоите гости го забележуваат кога ќе ти влезат во домот. Би било добро да имаш полица и место на кое ггостите ќе може да ги обесат своите капути.

Мирис

Можеби ти си навикната на мирисот кој е во твојот дом, можеби не забележуваш дека немаш проветрено, но гостите тоа ќе го забележат, како што ќе ги изненади убавиот мирис. Станот мора често да го проветруваш.

Неред

Доколку гостите ти се најавиле нешто пред да треба да пристигнат и немаш многу време, собери ги сите работи во вреќа и стави ги во корпата за прљава облека. Накратко, сокри се што на твојот дом му дава чувство на запуштен и неуреден дом.

Тоалетот

Доколку немаш време да го средиш целиот стан и мора да одбереш една просторија, тоа нека биде тоалетот. Нема ништо полошо од запуштен и валкан тоалет, особено кога не е твој.

Домашните миленици

Влакната од твоето домашно милениче тебе никогаш нема да ти пречат, толку колку на гостите. Доколку имаш домашно милениче, усисај го тепихот и софата, зошто на нив не треба да има влакна. Собере ги и играчките на миленичето.