Ѕвездата од филмот „Исправи се Делфина“ почина: Неда Арнериќ не напушти на 67 годишна возраст

Неда се сметаше за убавина и секс симбол на југословенскиот простор, а покрај завидна кариера, она што е помалку убав факт од нејзиниот живот е тоа што се обиде да си го одземе животот двапати како резултат на тажни моменти.


Пред четири години, актерката падна од терасата на лимен покрив и се здоби со сериозни повреди. Тогаш се шпекулираше дека Неда сака да се повреди. Соседите и помогнале.

Втор пат се обиде да си го одземе животот, на 27 февруари минатата година, кога зеде 20 апчиња за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, одеднаш се срушила во нејзиниот стан.

Актерката Неда Арнериќ во својот дом ја пронашол нејзиниот брат. Според порталот Телеграф.рс, Неда била пронајдена на трпезариската маса, а на нејзиното тело немало знаци на насилство.

Станот на актерката бил заклучен, па братот на Неда барал помош од браварот да ја отвори вратата, полицијата и брзата помош веднаш излегле на терен.

Арнериќ повеќе од 50 години беше глумица, позната на југословенските простори. А во Македонија се прослави најмногу со филмот „Исправи се Делфина“ . Во 1977 година, за улогата на Делфина, во филмот „Исправи се, Делфина“, во режија на Александар Ѓурчинов, таа беше наградена со „Сребрена арена“ на Филмскиот фестивал во Пула, како и наградата „Царицата Теодора“ на фестивалот за изведувачки уметности во Ниш.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Нејзиниот прв филм од 1966 година, „Сон“, ја направи Неда голема ѕвезда на Југославија. Со текот на годините, нејзината популарност растеше и со актерските способности ја импресионираше цела Југославија.

Арнериќ има глумено во филмовите „Република Ужице“, „Сутјеска“, „Варљиво лето ’68“, „Исправи се, Делфина“ и други. Таа има играно и во многу италијански филмови.