Животна училница // Приказни
Ако беше среќен, ќе отидеше ли толку рано: Шенка Колозова проговори за сопругот
- 02 Март, 2019
Ретко се појавува во јавноста и уште поретко зборува за покојниот сопруг. Легендарната македонска актерка и сценаристка Шенка Колозова за емисијата „Ексклузив“ конечно проговори за Ѓорѓи Колозов со кого беа и останаа синоним за култниот ТВ-серијал „Македонски народни приказни“.
- Првпат после толку години, на неговиот роденден не му отидов на гробот. И ми остана нејасно дали згрешив или не. Што да му кажам: Среќен роденден! Ако беше среќен ќе отидеше ли толку рано? И затоа не отидов свесно, затоа што не ја видов смислата во сето тоа, после толку години - вели, меѓу другото, Шенка за „1ТВ“.