Ако мислевте дека Зулејха е природна... Погледнете уште еднаш: Актерката има пластична операција

Важи за една од најубавите актерки во Турција. Со самото појавување на филмското платно предизвика огромно внимание, а посебно со улогата на Зулејха во серијата „Горка земја“.

Хилал Алтинбилек е навистина олицетворение на убавина и талент. Се појави во неколку серии, но ликот на Зулејха и ја донесе целата слава. И сите мислеа дека е природна убавица се додека не се појавија незини стари фотографии. на нив се гледа дека таа не е таква каква што е денес, всушност направила пластична операција на носот и корекција на забите.

Но, таа не го крие тоа. Во разговор за „Seriesturkish“, актерката потврдува дека извршила естетска хирургија, но дека станувало збор само за некои интервенции на лицето.

Имам естетски нос и заби. Тоа прави голема разлика бидејќи моите процедури се точно на средината на моето лице – вели Алтинбилек.

Сепак, корсници на социјалните мрежи, кои објавуваат фотографии од актерката од пред 10 години и денес, коментираат дека познатата актерка имала сериозна еволуција.

Фото: Инстаграм