Ако не сакате неред во домот, избегнувајте ги овие украси: Ќе ви ја загорчат Нова година, ќе чистите со денови
Професионални совети за украсување на елката и украсување на домот за Нова година
Украсувањето на новогодишната елка секогаш носи неред, но има украси од кои навистина со денови не можете да излезете на крај.
Секако, подгответе се дека ќе треба да поминувате многу време со правосмукалката, но доколку ја изберете вистинската декорација, ќе има помалку чистење.
„Никому не му препорачувам да си ја украсува куќата со вистински зимзелени гранчиња“, вели професионалната декораторка Патриша Дерпински. „Знам дека многу луѓе навистина го сакаат мирисот на бор, но за тоа можете да користите и есенцијално масло, а за украсување да користите вештачки, пластични венци од кои иглите не паѓаат така лесно.
Нејзината колешка Каника Бакши советува да се избегнува вештачки снег. „Знам дека остава впечаток како од бајките, но се случува да се истури насекаде, а потоа да ви дојде преку глава. Тоа зимско заддоволство лесно можете да го постигнете така што во ентериерот ќе поставите перници во меки бели перничиња или прекривки од вештачко крзно“ , вели таа.
Свеќите не само што се потенцијално опасни, бидејќи пламенот може да ја зафати елката или блиската завеса, туку и причина за дамките од восок што ќе мора да ги отстранувате со денови. Затоа декораторите предлагаат електрични LED светилки, а од вистинските свеќи најдобро е да ги користите оние во чаши и да ги ставите на безбедно место.