Ако некој има симптоми: Закажување за тестирање преку матичните лекари
Матичните лекари почнаа да закажуваат тестирање за корона вирус. Ако граѓаните имаат некој од карактеристичните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Но, не смеат да одат во ординацијата, туку исклучиво да се јават на телефон, пред се заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите
Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност.
Здравствените власти во земјава апелираа до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје.