Александар и Викторија починале поради тегла која им ја подарила бабата: Дечињата најдени три дена по смртта на родителите

Насловно фото: profimedia

Девојчето и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички.

Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка.

Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат.

Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.

„Кога ги видов паднав и почнав да врескам“, изјавила Наталија.

По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење.

Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција.

Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал.

За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.