Александар Љафтов со сопругата Ана и синот Алексеј го истражуваат подводен аквариум во Дубаи
Македонскиот репрезентативец во одбојка Александар Љафтов и неговата сопруга Ана со синот Алексеј веќе извесен период живеат во Дубаи.
Ана на Инстаграм објави фотографии од авантурата која ја доживеал малиот Алексеј во подводниот аквариум во Дубаи.
Семејството Љафтови уживале во несекојдневна прошетка, каде Алексеј го запознал подводниот свет како и пингвините, ајкулите и ретки видови на риби кои може да се видат само таму.
Сопругата на Љафтов често објавува фотографии од
заедничките моменти кои ги поминуваат како семејство.
Ана и Алексеј редовно го бодрат Александар од трибините, така беше и на натпреварот против Данска кој се играше во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Фото: Инстаграм
Во една прилика Ана ја раскажа нивната љубовна приказна, која може да ја прочитате тука.
Александар ме запроси на Бадник, а авионот кој двапати се обидувал да слета во Скопје за малку ќе му го расипел планот: Ана Љафтова за Женски Магазин