Ана Бунеска: Ќе те чекам
Ќе те чекам
За да се сретнеме повторно
Во некое друго време
Со надеж дека ќе се препознаеме
И дека останало во нас искра
Која повторно ќе распламти оган
Кому не било пишано
Да ни ги стопли душите во овој живот
Во кој заедно не сме
Ќе те чекам
За да налетаме еден на друг
Сосем случајно како на филм
Зад некој свиок
Судирајќи се еден во друг
Или во слепа уличка
Каде што ќе нема можност да се разминеме
И во која ќе нема никој освен нас
За очи во очи да се погледнеме
Ќе те чекам
За да ни се вкрстат патиштата
Јас одејќи некаде
Ти враќајќи се од некаде
Непланирано и без никаква помисла
Дека сепак судбината
Ги зела работите в раце
И сѐ околу нас стокмила
За ни случајно да не се промашиме
Ќе те чекам
Во еден друг живот
Во кој ќе има помалку болка
А малку повеќе радост
Во кој сѐ ќе е поедноставно
Или барем помалку комплицирано
Во време во кое и двајцата
Ќе знаеме еден од друг што сакаме
Или ќе знаеме како да се сакаме
Ќе те чекам
И знам дека ќе ме чекаш
Оти најболни се оние љубови
Кои недовршени останале
Во кои кавги немало
Ниту лош збор се изустил
Ама некако сме се изгубиле
Како во два света засебни
Срцата дом да си нашле
Ќе те чекам
А и ти не се брзај никаде
Почекај ме и ти мене
Па да видиме овој пат каде ќе стасаме
И дали нешто од претходно сме научиле
Та можеби и ќе знаеме
Можеби мудрост во нас ќе има
За да успееме
За љубовта да ни успее
Ќе те чекам...и чекај ме
Барем уште малку
Барем колку за утеха
Дека не сме се заборавиле
За Женски Магазин, Ана Бунтеска