Ана Бунтеска: 7 дена

Добивај вести на Viber

ми мириса на железо и умрено животно,

ми се наткрева утробата,

ги блујам сите грешни мисли.

Среда...

со ножици в рака се мислам,

дали на душата форма да и’ дадам,

или е подобро само ноктите да ги исечам,

ах, колку ми се прстите непослушни,

со црвени прамени меѓу нив залепени.

Четврток...

лежам на подот, врз куп искинати страници,

не познавам некој што правел “ангел во книги”,

не се познавам ниту себе од неодамна,

како секоја ноќ да се збогувам,

а наутро со истиот бол се раѓам.

Петок...

кожата ми мириса на море,

ќе го дочекам ли последното нурнување во себе?!

не се плашам повеќе од ништо,

од ништо што е сега и тука,

ќе го дочекам ли изгрејсонцето во себе?!

Сабота...

насликај ме,

онаква каква што сакав да сум,

каква што можев да бидам,

насликај ми ја желбата и радоста,

онаа што ја имав во некој минат живот.

Недела...

мирис на изгорено месо и мисли,

исплачи ги гревовите, барај прошка,

не од себе, туку од оние кои си ги допрела во срцето,

недела...проклета, ден за жигосување,

ден за заминување.


За Женски Магазин, Ана Бунтеска