Ана Бунтеска: Чекор напред
Нема поголема препрека
Од онаа која сам чоек ќе си ја стави
Како брана меѓу очите и солзите
Како ѕид меѓу светот и срцето
Како бунар без дно меѓу љубовта и душата
Та ти се чини оти никаде не си
Оти за никаде си
Ниту на старо да се вратиш
Ниту чекор да сториш
За нанапред да појдиш
Та ќе се вртиш околу себе
Ко мачка мрзлива околу канче млеко
Та ниту е да се напие
Ниту да го остави
Ете така ќе се врткаш
И ќе се мачиш со прашања
За кои одговорите ги знаеш
Оти во тебе се и твои се
Ама пусто никако да се решиш
Тој еден и единствен чекор да го направиш
Кој од убост те дели
И кој ти тежи
Ко железни чевли да имаш
Дур еден ден не ти се приблуе
Сама од себе и од стравот
Кој како накит на себе го носиш
И рака не пружиш
За себе да се допреш преку него
И до него да стасаш преку себе
Да си кажеш налет се’
И се’ во мајчината нека оди
Та ќе урнеш и ѕидови
И брани ќе срушиш
Бунари ќе пресушиш
И безглаво ќе кинисаш
Оти ќе знаеш дека е сосем во ред
Некогаш да се изгубиш за да се најдеш
И да оставиш срцето
Да победи пред умот
А него да го одмориш
Од сите сомнежи и прашалници
Со кои само се труеш
Ете
Еден ден белото знаме ќе го кренеш
И победник ќе бидеш
Оти нема поразени кога љубов е
Ниту победата е слатка, пирова ако е
И ќе престанеш да се натегаш
Дали срцето е поумно од разумот
Или пред разумот треба да се поклониш
Само ќе оставиш патот до него да те води
И чевлите железни ќе ги слечиш
За боса да стасаш онаму
Каде што припаѓаш
На себе...кај него...на себе кај него
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска