Ана Бунтеска: Денес, пиле... денес
Не ми е мене гајле
за жените со кои си бил
ниту, пак, гајле берам
за оние на кои сега им се смешкаш
и ич не те мислам
дал по цели ноќи писма им везиш
или дал тие ококорени по тебе се.
Не ми е гајле
и пет пари не давам
дал поубај од мене се
и тела совршени дал имаат
дал накитени ти шетаат
ил на високи потпетици тропкаат.
Мене, драги мој, минатото твое
колку ланскиот снег ми значи
а и дал џебот полн пари ти е
ниту, пак, облеката ти ја мислам
дал скапо те чини
и каква етикета има.
Мене гајле ми е
зад градите што ти чука
и во глата што ти се раѓа
и берам гајле душата за што ти пати
и дал лоши мисли имаш
или ти цутат убајни.
Мене, пиле, ми тежи
дал денот во смеа ќе ти мини
и дали ко ќе вдишиш
љубов знајш да издишиш.
Гајле берам дал она што ти давам
можиш со чест да го примиш
52
Ана Бунтеска
и со внимание да го погалиш
дал прва мисла во денот сум ти
и кога заспиваш дал умот кај мене ти оди.
Не ми е грижата за она што вчера било
ниту за она што утре ќе биди
дур си тука
и дур тука сум
до тебе
до себе
до нас.
Денес, пиле... денес.
За Женски Магазин, Ана Бунтеска