Ана Бунтеска: Денови полни љубов
Нема ништо поубаво
Од ден во кој љубов
ќе осамне
И кога знаеш
дека тука си
Дека те има
А до тебе најмилите
насмев ти будат
Та си велиш оти толку
е
Оти другото важно не
е
Само сите на број да
останите
За душа в душа да си
дишите
Нема
Нема ништо поубаво
Од денот во кој
љубовта ти цути
Та ја имаш колку за
сиот свет
И за уште неколку
универзуми
Љубов која не се
мери
Која на ниту еден
кантар се става
Онаа која за возврат
ништо не бара
Оти во тебе е
Оти љубов си станал
Нема
Нема ништо поубаво
Од денот во кој на
љубовта
Со љубов и’ враќаш
Ама не оти така треба
И не оти така мора
Туку оти однатре така
срцето ти сака
Та се’ некако
поинаку
ти е
Видот избистрен
Слухот истенчен
И можеш сета
добрина да ја
намирисаш
Како тазе печен леб од фурна
Нема
Ниту некогаш поубаво
ќе има
Од љубов да се родиш
И од неа секој пат да се издигниш
Дури и тогаш кога се’ безнадежно се чини
Кога не знаеш кој пат да го фатиш
И кога небото на плеќи ќе ти се стуши
Та наеднаш ќе ти текни
Оти има нешто поголемо од сите грижи
И сите стравови зад себе ги оставаш
Та го грабаш денот в раце
И со голем касај загризуваш
Жедно го пиеш и се сладиш
Оти нема ништо
Ама баш ништо поубаво на овој свет нема
Од љубов да се родиш
Во љубов да живееш
Со љубов во себе да си заминиш
ЧЕСТИТ БОЖИЌ
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска