Ана Бунтеска: Има надеж
Има надеж
Дури и тогаш кога се чини оти џабе е
Колку и да сакаш да е поинаку
Има надеж
Дури и кога облаците се толку густи
Што сончев зрак не продира
Има надеж
Дури и тогаш кога среќата грб врти
Чиниш збогум ти вели
Има надеж
Дури и кога си најосамена
Та екот во душата слушаш оти празно е
Има надеж
Дури и тогаш кога зимата долга е
Чунки никојпат повеќе лето не ќе дојде
Има надеж
Дури и тогаш кога пред тебе ѕид стои
А зад тебе сите мостови се урнати
Има надеж
Дури и тогаш кога болката кине
И кога мислиш оти не ќе ја додржиш
Има надеж
Дури и кога ноќта е толку црна
Што пред себе ниту зрак светлина гледаш
Има надеж
Дури и тогаш кога телото те издава
Како непријател во јагнешка кожа облечен
Има надеж
Дури и кога солзите се верен пријател
Та и во сонот ти идат неканети
Има надеж
Има надеж и кога џабе е
И тогаш кога небото на гради ти легнало
Кога среќата те заборавила
И кога до тебе близок нема
Има надеж и кога ѕемниш од страв
И кога ти се чини дека бесполезно е се’
Кога болката станува твоето второ ЈАС
И кога талкаш во ноќи црни
Има надеж
Секогаш надеж има
И фати се и за најмалата сламка
Која надеж ќе ти носи
Та со сето срце и душа верувај
Во она што сакаш да се случи
Оти надеж мора да има
Која ќе крепи во невреме
И која ќе дојде во вистинско време
Со сета себе
Со сета душа
Со сето свое постоење и битие верувај
Оти има
Има надеж...
ИМА НАДЕЖ