Ана Бунтеска: Кратка песна

Добивај вести на Viber

Сакам да се препознаеш во моите зборови,

овие, за тебе наменети,

напишани онака, без особен смисол,

наредени на хартија оти не знам да ги изустам.

Сакам да ти кажам... те чувствувам,

ненаметливо, а сепак силно,

питомо и спокојно,

во толпата, погледот дур ти го ловам.

Сакам да знаеш ...можам да те љубам,

чисто и искрено како дете,

да те допирам нежно и покрај стравот,

на кој со тебе заборавам.

Сакам да можам да ти говорам за себе,

да ти ја ставам дланката на градиве и да ти речам

‘’чувствуваш?...одамна вака не чукало’’

и потоа да те бакнам како да ми е првпат.

Сакам...многу тоа сакам сега, во овој момент,

а не знам зошто не можам да ти зборувам,

затоа, еве...прочитај и “види” ме,

во оваа кратка песна...за тебе.


За Женски Магазин, Ана Бунтеска