Ана Бунтеска: Љубов која жежи
Жежи љубовта
Како босо стапало на асфалт
Некаде на пладне
Кога сонцето највисоко е
Безмислосно во сета своја убост
И мал е чекорот, сосем мал
Кој да го сториш треба
Ем под стреа да се сокриеш
За да не ти дојди отпојќе
Ем убо и топло да ти биди
За срцето да не ти изгори
Оти велат
Дека и малку и многу љубов
Ист зулум на душата прават
И ист пустош во неа оставаат
Оти и гладен и прејаден чоек
Истата мака си ја има
И желудецот му се стега
Та цревата вијат ко волци
И неубо му иди
Жежи љубовта
Жежи и печи
Како песок во очи да имаш
И никако не можеш до крај
До последното зрно да го истајш
А го има толку многу
Што од него замок можеш да сториш
Во кој да се сокриеш сакаш
Без да му ја мислиш оти плимата
Која заедно со неговото присуство доаѓа
Се’ ќе однесе
Како никогаш дувлото да не постоело
Во кое барем на кратко си се скрила
За раните да си ги зацелиш
Малку барем на себе да дојдиш
Жежи љубовта
Ах како жежи
И изгореници остава
За кои иљач нема
Ниту од лекар
Ниту од мудрост народна
Дур чоек не научи
А чоек кој срце има, тешко учи
Себе да не се дава целосно
Да не излегува на сонце во ниедно време
И да заседне без усул
Без себе да се заштити
За да не изгори
За да не прегори
Од таа љубов која боли
Која жежи
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска