Ана Бунтеска: Нема бегање
Некојпат тесна ти е
кожата
Како твоја да не е
Како зајмена
Како украдена
Како по пат најдена
Та ти се чини оти ќе попука
Оти ќе се поткини
Како со лош пораб
направена
Стуткана на
глуждовите
Оптегната на грбот
И чиниш ко сува
земја на себе да
имаш
Која одамна дожд
нема видено
И во која ништо
повеќе не вирее
Некојпат
Некојпат си мислиш
оти на змиите убо им
е
Кога од себе кожа ќе
си слечат
И зад себе ја оставаат
Токму онака како што
го оставаш минатото
Та подзамижуваш
и се обидуваш
Барем за миг таа
леснотија да ја сетиш
Издишуваш
И повторно вдишуваш
Јасно ти е оти бегање
нема
Оти и кожа и лик да
смениш
Себе со себе се носиш
И не е до кожата Т
уку до она однатре
што те јади
Не е до кожата
Туку мислите те
дробат
Ич не е
Не е ниту малку до
кожата
Туку до лузните
оздола што се кријат
Нема бегање
Еве јас барем не знам
некој
Кој од себе успеал да
се скрие
И колку и да сакаш
Колку и да сакам
Колку и да е навидум
тешко свој да си
Секој од нас поседува
само она што во себе
го носи
Како мисла
Како збор
Како благослов и клетва
Та сто кожи да
смениш
Пак истиот ќе си
И пак истата ќе сум
Оти на светов од се’
да избегаш можеш
Само од себе никогаш
Од себе....бегање
нема
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска