Ана Бунтеска: Од првиот миг „Женски Магазин“ стана и остана МОЈОТ МАГАЗИН

Добивај вести на Viber

Има места кои низ животот сум ги посетила за првпат, а сум имала чувство дека ги знам од некој друг живот. Места кои ми биле повеќе дом, отколку местото на кое сум живеела во тој момент.

Има луѓе кои со првото гледање едноставно ти ги пополнуваат сите празнини и кои се сврзно ткиво на твојата душа. Луѓе со кои си свој и природен, без да стравуваш каков впечаток оставаш.

Едноставно, има работи за кои срцето повеќе и поарно знае отколку разумот. Некои го викаат интуиција, јас го викам КЛИК или намирисување.

Ете...токму затоа од првиот миг Женски Магазин стана и остана МОЈОТ МАГАЗИН.

Не си фаќаме кусур за ништо, си муабетиме, се почитуваме и нежни сме, тој со мене и јас со него.

Затоа што е магазин кој се грижи и кој не трча по сензации со кои нечија приватност и интегритет би биле загрозени.

Затоа што екипата со која соработувам се луѓе кои не се суетни, кои секој ден учат и кои се натрпреваруваат...сами со себе, за да бидат подобри од вчера.

Единственото нешто што може да ме врзе е енергијата. Онаа движечка сила од која можам да се напојам и да си речам...добро е, ќе биде добро.

Мојот магазин...затоа што не е само квалитетен магазин, туку и семејство.

Да ни се множат годините...да славиме и матура. Ве сакам!

Со љубов, Ана Бунтеска