Ана Бунтеска:оти во овој живот шо се’ не минало
“Пиле, љубовта е ко дете да зачнуваш
ко никулец во матката
па ‘рти, во тебе расти
коренчиња пушта и плод
полека и тивко
дур еден ден не ја сетиш
како бебе првпат ко ќе клоцни
тогаш во себе ќе ја сетиш
со сета своја сила
и ќе сакаш да ја чуваш
на меко, топло, во себе
за да ја заштитиш од се’
оти таму долу во стомакот
таму чедото најбезбедно е
така и љубовта да ја чуваш
ама на оној до тебе
нему да му ја дајш
и кога дете ќе родиш
в раце ко ќе го сетиш
таа тежина никогаш не се заборава
тие неколку килограми
во душата стално ќе ги носиш
оти од тебе излегле
месо од твоето месо
крв од твојата крв
ете
и љубовта така в раце ќе ја имаш
и ќе тежи
онаа вистинската секогаш ќе ја сеќаваш
оти и таа на душата тежи
и ќе ја негуваш
со себе ќе ја храниш
ко чупето твое надоено
ко дете шо се расти
така да ја растиш
кроце, со трпение и ум
со нежност и срце
и еден ден
ќе дојди време пилето да си го пуштиш
за свое гнездо да си свие и свое пиле да има
можи ќе дојди така ден и љубовта да си оди
е тогаш пушти ја
не ја стискај, не сопирај ја
пушти ја да одлета
оти штом дошол денот
за тебе поќе пишана не е
та остај ја, оти со сила не ја бива
ќе ти помини, ќе си поплачиш
ќе му простиш и себе ќе си простиш
оти шо не минало пиле мое
во овој живот шо се’ не минало.”
За Женски магазин, поетесата Ана БунтескаФото: Стојан Стојановски