Ана Бунтеска: Прочка
Низ годината чоек да си
За арнини секому да правиш
Та ти возвратиле или не
Ич гајле да не бериш
Оти секоја убост за другите сторена
Тебе на душата ко мед ќе ти се лепи
Низ годината милост да дариш
Како што момче со цвет мома уба кити
И да не есапиш дал милоста за потсмев ќе ти биди
Или со питомост некој ко украс ќе ја носи
Оти твое е да дајш
Ама не и некому со сила да земиш
Низ годината
Од почеток до крајот нејзин
Проштавај уште пред некој да ти згреши
Ете така
Само со раката одмавни
И ништо на срце да не си лепиш
Прости
За ти да можиш да вдишиш
Прости
За во себе црно да не носиш
Прости
За издишувањето лесно да ти оди
Прости
Оти голем чоек е тој што прошка дава
И на кантар што грешките туѓи не ги мери
И мисли не си арчи за некому поганлаци да брои
Голем чоек е тој што прошка дава
И знае кога прошка да побара
Не на ден кој за прошка рекле оти треба да биди
Туку секој ден
Секој еден ден со светлина во очите да оди
И насмевка устата да му ја краси
Голем чоек е само тој
Кој знае покорно глата да ја сведни
За после со гордост угоре да ја крени
Оти простено му било
Оти простил на другите
Оти си простил самиот на себе
За Женски Магазин, Ана Бунтеска