Ана Бунтеска: Совршен дом за еден молк...

Добивај вести на Viber

Во молкот нурнувам како во лековита вода,

ја чувствувам неговата топлина во градите,

кожата ми станува прозирна...

и гледам...

Занемено  срце,

оковано во бол,

псссссст....се обидувам да слушнам звук,

крик, плач....

нешто...

било што...

Молкот е посилен од мојата желба,

поболен од трепетот на солзата,

потврд од една скаменета душа...

Молчам...

и говорам со молкот,

некоја чудна игра во мојот ум,

а усните ми се запечатени...

Глува сум за твојот глас,

слепа за сите напишани редови...

Само молкот и јас...

јас и молкот...

И знам...му се допаѓам,

си најде дом во моето уморно тело...

Совршен дом за еден молк...

Совршен молк за една Ана...

Совршена,

совршена љубовна игра

која нема крај...


За Женски Магазин, Ана Бунтеска