Ана Бунтеска: Среќна и бериќетна 2024!

Добивај вести на Viber

Во душата спокој ви сакам

Кој мирен сон ќе ви донесе

Кој како иљач ќе е за тело трошно

За да ви трае, да ве крепи

Во срцето љубов ви сакам

Од која сите болки ќе ви зацелат

Како никогаш и да не постоеле

Како само во приказна раскажани да останале

Во домот само смеа ви сакам

И по некоја солза радосница да капне

Сите што ги љубите на број да ви бидат

И огништето никогаш да не ви згаснува

Во умот само мисла бистра ви сакам

Како капка од вода изворска

Која ќе цути како градина во пролет

Чиј мирис цела година убост ќе ви носи

Во рацете топлина ви сакам

За да ви ја огрее иднината

Да стоплите онаму каде што студот

Ја однел чоештината по ѓаволите

Во џебојте секојпат да имате доволно

Ем за да не се грижите за утрешнината

И уште некој алтан или два отпојќе да ви се најдат

За да дадете на оние кои немаат

Во животот убај луѓе околу вас ви сакам

Огледала во кои себе ќе се видите преку нив

А одразот питом и кроток да биде

Оти нема ништо поубаво од чоек полн милост

Живи и здрави да сте 

К’сметот под рака да го носите

Од устите медовина да ви тече

И кусур никому да не фаќате

Чоек со чоек да се најдете

Трпезите да ви се полни 

А чашите со вино ко нектар

Да имате со кого животот да го славите

Од се’ што немир ви носи да куртулите

Од љубов и среќа никојпат куртул да имате

Среќна да ви е годината што иде

Среќна и бериќетна!


За Женски Магазин, Ана Бунтеска