Ана Бунтеска: Три наречници
Се собрале три
наречници
В куќи детски плач кај
што одекнал
Та првата рекла
убо да е
Ко сонце ликот да му
свети
И кај шо ќе се појави
сите во него да пулат
Другата рекла азно да
има
Да се прпелка во
златници
За живеачката уба да
му е
За да не се
саклдисува оти
сиромаво ќе е
Третата молчела и
в земја се пулела
Та посакала к’смет да
има
Оти убоста врви со
староста
Азното се арчи
наваму-натаму
Ама к’сметот
Ете тој низ животот
да остани
И со него чоек да си
остари
Та и малку пара да
има
Да знај како од едно-
две да стори
И убоста од очите да
му извира
Од душата мед да
течи
За да ги најади
гладните
Од срцето млеко да
дај
За да се напијат
жедните
И каде и да оди
Спокој во себе да си
има
Оти џабе е личен да
си
И џабе е џебот полн
да ти биди
Ако ми ти ѕенѕа
во тебе немирот
Ако однатре те гризат
неправди
Џабе е се’ к’смет ако
се нема
Та не се рекло
бадијала
И на буниште чоек
најден да е
К’сметлија да биди
Оти среќата не е во
белината на лицето
Ниту во црвенилото
на образите
Најмалку е во снагата
стројна
Ниту е во броењето
на алтаните
Скриени под перница
ако сон немаш
И ако не знајш да му
се радуваш на денот
Затоа чедото мое ко
се роди
Само една мисла
во глата ми вртеше
К’смет да има, без
него да не остани
Жива и здрава да е
И патот прав да и’
биди
Да истурка век во кој радост ќе види
И некому радост
да донеси
Да знае
Да умее
светлина и
во мракот да види
И од неа да и’ е
виделото ко ден
Дури и во ноќ црна
ако заталка
Та од трите +
наречници
Таа третата секому в
куќа да стапни
И свој благослов да
посее
Само среќа, само
к’смет да пркни
За убост, за љубов, за
живот
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска