Ана Бунтеска: убав чо’ек до себе да имаш

Добивај вести на Viber

Да си најдеш чо’ек рамен на тебе

кој ќе ти ја љуби и сенката

кој и својата во твојата ќе ја гледа

и да те чува к’о капка вода на рака

к’о жеден чо’ек во пустина

да те гледа к’о да си му зеница

к’о да си нешто што не видел никојпат

таков чо’ек, пиле, да си најдеш

кој нема да ти се плаши оти к’о другите не си

кој нема да ведне глава ко’ ќе викаш

кој тогаш гла’ата ќе ти ја фати меѓу дланки

и ќе те замолчи со бакнеж

кој ќе ти биде изгрејсонце

а зајдисонцето рака в рака ќе го минувате

кој никогаш нема в постела грб да ти заврти

и со лоша мисла покрај тебе да заспие

таков, пиле

таков да си најдеш за себе

кој простум до тебе ќе стои ко’ ќе врне

и ко’ во животот молњи ќе ве навјасаат

кој ќе те покрие ко’ ми ти студи од болка

и кој ќе те нишка к’о мало дете да си

кој твојата нежност ќе знае да ја види

и на твојот убав збор душата ќе му се топи

немој див чо’ек да земеш до себе

таквиот само ќе те умори и поболи

оти срцето твое к’о памук е

и сиот јад ќе го збери

и телото ќе ми ти страда

и очите сјајот ќе ми ти го загубат

убав чо’ек

рамен на себе да бараш

и колку и сама да си да бираш ш’огоде

ниту да се пазариш за неговото внимание

да те оста’и своја да си

да те оста’и да пишуваш оти тоа си

да не се плаши од твоите зборо’и на хартија

ниту од тоа дека силна знаеш да бидеш

кој ќе ми те љуби и ко’ си со гла’ата крената

и со нурната вземи ко’ не ти е арно

оти животов краток е

толку краток ш’о на старост ќе ти се чини оти само

си сонувал

оти ништо не било реално

зато времето да не си го губиш

ниту себе да се загубиш во бркотници и објаснувања

кротко и мило да си го бараш она шо ти треба

она ш’о градината во умот ќе ти ја расцути

а пилето во градите ќе ми ти го распее

оти животот краток е

и горчлив знае да биде ко’ е чо’ек несреќен

и гла’ата горе

тука е

оти секој чо’ек е наполу сечен

и среќа е да си ја најде поло’ината

таа со која цел ќе е

со која свој ќе е

слободен и среќен

слободен пиле...слободен и среќен


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска