Ана Николиќ „распната“ на социјалните мрежи: „Луѓе, таа нема заб“, „Што се тие лузни околу устата“ ... (Фото)
По неодамнешното,
воедно и последно, медиумско појавување на познатата пејачка Ана Николиќ во емисијата „Амиџи шоу“, јавноста не престана да зборува за нејзиното недолично однесување.
Пејачката во емисијата зборуваше на многу теми, кажуваше анегдоти но посебно го привлече вниманието со своето премногу опуштено однесување кое не е соодветно за на телевизија.
Многумина го забележаа нејзиниот физички изглед, вишокот на килограми, опуштеното седење и цирконите на чело.
Покрај тоа, корисниците на социјалните мрежи ги коментираа видливите лузни на нејзиното лице кои не беа соодветно прикриени.
Но, тоа не е се, кога во еден момент Ана гласно се насмеа, гледачите забележаа дека и недостига еден заб.
-Луѓе, таа нема заби, напишал еден корисник.
Она што посебно ги загрижува нејзините обожаватели, како што се наведува во коментарите на социјалните мрежи, е тоа што последните неколку години алкохолот многу лошо влијае на нејзиното однесување, а многу следбеници и апелираат до блиските на пејачката да не ја оставаат во таква состојба и да се прават дека ништо не забележуваат, туку и да и помогнат да се одвикне од наводната зависнот.
Ана не негира дека сака да испие по некој чаша алкохол, но никогаш не споменала дека е зависник, напротив, во последното гостување во емисијата напомена дека не пие одреден период бидејќи се подготвува за концерт.
Фото: Printscreen/republikars