Aндреа Оџаклиевска во прегратка на најважните мажи во нејзиниот живот, на еден од нив му порача:„Правиме будали од себе, за тебе“
Ќерката на познатата пејачка Маја Оџаклиевска во октомври, 2021 година се оствари во улогата на мајка, а синчето кое е потпораснато очигледно ги забавува во секој поглед, како што можеме да забележиме од она што го објавува Андреа на социјалните мрежи .
Во последната Инстаграм објава Андреа сподели фотографија од неа, синчето и сопругот Милош кој во прегратки го држи малото момче а покрај која напиша: „Правиме будали од себе, за тебе“.
Помалата ќерка на Маја Оџаклиевска, често споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи и очигледно мајчинството ја исполнува.
Андреа му се заколна на вечна љубов на Милош, кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ.
Инаку, за себе вели дека е девојка која верува во чуда, цврсто верува дека љубовта движи се, девојка која бескрајно му е благодарна на животот.
Фото: Instagram Printscreen
„Наше мало момче, наш борец“: Андреа Оџаклиевска објави прва фотографија од синот