Авганистанците ги продаваат малолетните ќерки за да ги прехранат семејствата: Сцена со расплакан татко како продава 9-годишно девојче, предизвикува солзи на очите

Си-Ен-Ен неодамна објави потресна репортажа за страдањата на таткото од Авганистан кој ја продал својата деветгодишна ќерка за невеста на 55-годишен сонародник, се со цел да се прехрани себеси и остатокот од семејството

Родителите на малата Парвана Малик ја продале на 55-годишниот Корбан кој го опишуваат како „старец“ поради седата брада и коса.

На денот кога Корбан ја однел Парвана, нејзиниот расплакан татко Абдул го молел да не му го повреди детето, пишува Си-Ен-Ен.

„Ова е твојата невеста. Те молам, чувај ја. Сега ти си одговорен за неа, те молам не ја тепај“, низ солзи рекол овој татко, кој подоцна признал дека вината го јадела.

Семејството на девојчето изјавило дека немаат избор и се само едно од многуте сиромашни семејства кои биле принудени да ги продадат своите мали ќерки и предвреме да ги омажат за да преживеат, а сето тоа поради фактот што Авганистан полека тоне во хуманитарна криза.

Парвана и нејзиното семејство живеат во авганистански камп за раселени лица во северозападната провинција Бадгис во последните четири години. Досега живееле од хуманитарната помош која им носела по околу 3 евра дневно. Но, откако талибанците го презедоа Авганистан во август, економијата на земјата е на работ на колапс, а меѓународната хуманитарна помош е во мирување, а последиците ги погодија семејствата како ова, кои сега не можат да купат основни потреби како храна.

Пред неколку месеци, Абдул беше принуден да ја продаде 12-годишната сестра на Парвана за да му даде шанса на остатокот од семејството да преживее.

„Татко ми ме продаде бидејќи немаме леб, ориз или брашно. Ме продаде на старец“, изјави девојката за CNN.

Абдул рече дека не можел да спие навечер и дека го јадела вината, како и дека на секој начин се обидувал да ја избегне оваа судбина. Тој тврди дека неуспешно барал работа, и дека позајмувал пари од роднини, а неговата сопруга ги молела другите жители за храна околу кампот, но ништо од тоа не вродило со плод.

„Во семејството сме осуммина. Морам да ја продадам Парвана за да преживеат другите членови“, рече тој, додавајќи дека дури и овој потег ќе му помогне да остане смирен само неколку месеци. Тој ја продал својата ќерка за вкупно 1.600 фунти, што вклучува готовина, овци и земја.

Парвана се надеваше дека ќе успее да го промени мислењето на нејзините родители бидејќи не сака да го напушти семејството, таа сонува да биде учителка кога ќе порасне. Се плаши дека тој ќе ја претепа и ќе ја натера да прави работи што не сака да ги прави. Но, човекот кој ја купил пристигнал во нивниот дом со уплата минатата недела.

Корбан го послушал барањето на Абдул да не го тепа неговото дете, а потоа ја фатил Парвана за рака и го одзел девојчето од нејзините родители. Парвана се бореше до самиот крај - не сакаше да излезе низ врата, но на крајот ја однесоа.



Фото и Видео: Youtube/CNN

„Ова е вашиот последен ден на улица“: Исповед на Авганистанка за ужасното однесување на Талибанците кон жените