Австралија слави: Исчезнатото 4-годишно девојче Клео по кое се трагаше две недели е пронајдено живо и здраво

Четиригодишната Клео Смит, која исчезна во Австралија пред повеќе од две недели, вчера е пронајдена жива и здрава.

Австралиската полиција соопшти дека Клео Смит е пронајдена во куќа во град во Карнарвон. Заменик полицискиот комесар, полковник Бланш, рече дека полицијата упаднала во заклучена куќа и го пронашла девојчето внатре со маж. Набрзо била вратена кај родителите, а мажот бил уапсен.

Тимот полицајци упаднал во заклучената куќа околу 1 часот по полноќ, полицаец ја кренал Клео во раце и ја прашал како се вика.

„Јас сум Клео“, одговорила таа.

Четиригодишното девојче исчезна пред повеќе од две недели во „Blowholes Camping Park“, лоциран во близина на Карнарвон. Ели Смит, нејзината мајка, беше последната личност што ја видела. Таа рече дека Клео ја разбудила околу 1:30 бидејќи била жедна. Утрото ниту Клео, ниту нејзината вреќа за спиење не биле во шаторот. Ели во текот на целата потрага тврдеше дека Клео не можела да го напушти шаторот сама, меѓу другото, бидејќи клучот на вратата од шаторот бил превисок.

Уште по петдневната потрага, инспекторот Џон Мунди рече дека полицијата цело време сметала дека се работи за киднапирање, објави Гардијан.

Австралиската јавност, веднаш откако ја пронајдоа девојката, на социјалните мрежи споделија колку се среќни со веста. Премиерот Скот Морисон рече дека тоа е „прекрасна, олеснувачка вест“ и додаде дека „молитвите се слушнати“.

извор;dnevnik.hr