Авторите на учебниците да не грешат толку кога ги пишуваат: Министерот за образование „ги искара“ за грешките
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири бара авторите на учебниците да се повнимателни со цел да нема повеќе грешки како во учебникот по предметот Математика за шесто одделение.
- Побарав да се достават официјални забелешки од страна на универзитетските професори кои се вклучени во изработката на учебникот со наведени причини зошто е направена таа грешка. Знаете дека во сите учебници по математика, и ние кога сме учеле, имало грешки, но верувам дека и таа техничка грешка соодветно ќе се реши, изјави Шаќири, кој денеска присуствуваше на официјалното затворање на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“.
Тој појасни дека се работи за техничка грешка направена од авторите, и покрај тоа што од двете страни на задачата дадени се неколку решенија.
Детали на faktor.mk