Баба Софија и баба Мара- херојките од Пустец

Добивај вести на Viber

Перо Сарџоски од Тетово, на својот профил на Фејсбук, објави статус кој допре до многу срца. Станува збор за две бабички македонки од Горна Горица во Пустец во Албанија кои живеат намачен живот, како што гласи и насловот на неговиот статус.


Живот намачен...

Така ми рекоа денес моите херојки - баба Софија и баба Мара од Горна Горица, Пустец, Албанија (земја со 'западни вредности', членка на НАТО, кандидат за членка во ЕУ). Додека во нашава трошна земја се промовира двојазичност како врвен дострел на демократијата во насока на остварување на правата на малцинствата, во нашата соседна земја живеат Македонци во услови што не биле достојни за живот ниту во 19тиот век. Куќите им се со трошни кровови; кога дува ветер снемува струја по цела недела; вода нема - копаат бунари; школо нема - младите раселени; нема амбуланта и тоа што го има се фалсификат лекови; во соседно село им умираат младите од затруена вода; бабичкиве продаваат чај и маслиново масло за троа плус приход; пензијата им е "една Богоројца" (1000 ден.); животот им минал во маки и јадови, а тие сал благослови редат, и за се велат: фала Богу, има и полошо!

Има ли? Драги мои прогресивци! Има ли полошо од тоа цел еден народ да биде ставен на голгота со децении, додека други се привилегирани да живеат 'прогресивно' врз основа на своето фашистичко минато, или врз основа на криминалите кои ги направија 'луѓе'? 

Знаете што? Ништо не останува сокриено на овој свет! И како што денес диносаурусите ни се нам гориво, така и денешниве 'луѓе' (нелуѓе) ќе си го најдат сопствениот им пекол... кога-тогаш! Како-така!

Восхит за сите вакви херои кои многу значат за овој свет...