Давид Бабунски наполни 30 години: Сопругата Катарина му направи изненадување, се славеше и со пријателите (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На 1-ви Март познатиот фудбалер Давид Бабунски наполни 30 години.

Бабунски викендов роденденот го прослави во друштво на семејството и пријателите во Будимпешта, каде моментално настапува за унгарски клуб.



Не изостана прославата и дома, каде убавата Катарина му приреди изненадување со синчињата и малата ќеркичка Алина.

„Среќен 30-ти роденден на мојата сродна душа.

8 твои родендени покрај тебе, мислам дека ти кажав сè, сепак можам да напишам цела книга за тоа што се чувствувам за тебе и што ти посакувам на овој ден“, напиша Катарина покрај видеото на Инстаграм кое му го посвети на саканиот. 


View this post on Instagram

A post shared by Katarina Babunski Mitrovic (@katarinababunski)



Катарина и Давид се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та, набрзо почнале да живеат заедно, а веќе во 2017 година биле во Јапонија каде правилата се малку поинакви и морале да се венчаат доколку Катерина сакала да остане таму со него.

„Ни беше важно да останеме заедно и се покажа дека не погрешивме, бидејќи од тој брак создадовме семејство“ – ни откри Катарина во интервјуто за Женски магазин.


FOTO: Printscreen Instagram