Бакнеж на ближните, помогни им на тажните: Честитајте го Божик со овие пораки

Добивај вести на Viber

Недостатокот на слободно време доведе до тоа Божик сѐ почесто да се честита со праќање на порака преку мобилен телефон. Писмата отидоа во заборав и современата технологија комплетно го промени начинот на комуницирање, па со рака напишаните честитки ги заменивме со пораки на месинџер. 

Секоја година се смислуваат сѐ поголем број римувани пораки кои корисниците на мобилни телефони ги разменуваат. Како прилог на фактот дека ваквото честитање зема замав е овогодишниот број на испратени СМС пораки во текот на новогодишните празници. Во прилог издвојуваме неколку убави пораки со кои може да го обележите Денот и да им го честитате празникот на блиските.

* На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што чекори тивко и тогаш речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!

* Кога последната свеќа на Бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води. Среќен Божик - ХРИСТОС СЕ РОДИ! 

* Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати. Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.

* Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божик вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди. 

* Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост, во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди. 

* Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ - Христос се роди. 

* Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари сѐ што немате и сочува сѐ што имате.. Христос се роди!