БАЛКАНОТ ПОВТОРНО НА НОЗЕ, ГИ НЕМА ИВАН, ПАТРИК И ЛУКАС ОД ХРВАТСКА: Исчезнаа за два дена, имаат по 14 години

Добивај вести на Viber

Според информациите кои полицијата ги објави на веб-страницата Нестали.хр, во Хрватска во последните неколку дена исчезнале тројца 14-годишници, објави jutarnji.hr.

Најпрвин на 7 јануари исчезна Иван Шнајдар, кој се оддалечил од својата адреса во Загреб, а бил облечен во тренерки и бела маица. Иван има кафена коса, сини очи и средна градба.

Еден ден подоцна, во Риека исчезна Лукас Кираљ Јеремиќ, исто така на 14 години.

Во понеделникот, исто така на 8. јануари во Загреб исчезна и Патрик Гек (14), кој во моментот на исчезнувањето носел црни панталони, портокалова кошула со качулка, црна јакна и патики. Патрик е висок 175 см, има кафена коса и кафени очи и е со средна градба.

Во објавата од полицијата се наведува:

Доколку имате информации за овие лица, полицијата ве повикува веднаш да ја известите најблиската полициска станица или да се јавите на 192. Информациите можете да ги доставите и на е-маил адресата: nestali@nestali.hr.

ФОТО: MUP/Hrvatska


извор: faktor.mk