БЕБЕ СЕ РОДИ ВО МЕТРО ВО ПАРИЗ: Доби необичен подарок

Добивај вести на Viber

Компанијата за градски превоз во Париз информираше дека бебето родено во метрото ќе има право на бесплатен превоз во градот до својата 25 година.

Бебето е родено вчера во метро во центарот на Париз и поради тоа за краток период бил прекинат сообраќајот.

Спасувачките екипи се погрижиле за мајката и детето и ги пренеле во најблиската болница.

Дел од граѓаните на Париз имаа критики за подарокот, затоа што парискиот јавен превоз премногу често е во прекин поради штрајкови и други причини.