Беше и остана синоним за убавина и по смртта: Џејмс Дин почина на 24 години, и после седум децении неговата смрт останува мистерија

фото:profimedia

До денес се шпекулира за прераната смрт на Џејмс Дин токму поради деталите кои мистериозно се појавуваат повторно и повторно.

Поминаа седум децении од смртта на Џејмс Дин - секс симболот и синоним за убавина, а мистеријата за неговата смрт сè уште е неразрешена.

Во 2015 година, се појавија извештаите од обдукцијата на Џејмс Дин и почнаа гласините. Анализирајќи го извештајот од обдукцијата, експертите констатирале дека актерот можел да се спаси, доколку медицинските работници навреме реагирале, но...

фото:profimedia

Како умре Џејмс Дин?

На 30 септември 1955 година Џејмс Дин отишол на автомобилска трка, но на пат до таму имал сообраќајка со своето ново Порше и многу брзо починал. Пред неговата смрт, тој учествуваше на бројни трки со автомобили, тоа беше негова страст, но неговиот актерски договор го спречуваше да се натпреварува.

На патот од Лос Анџелес до местото на трката, Дин возел, додека неговиот автомеханичар седел на совозачкото седиште. Возејќи по американската рута 446, актерот се судрил со автомобил во кој возел 23-годишниот студент Доналд Турнапсајд.

Иако се веруваше дека виновен е Џејмс Дин, вистината е дека актерот воопшто не возел брзо, туку дека Доналд одеднаш извртел и на тој начин го предизвикал судирот. Меѓутоа, само неколку часа пред несреќата, Џејмс Дин добил казна за брзо возење.

фото:profimedia

Во моментот на неговата смрт, Џејмс Дин имал само 24 години.

Една недела пред неговата смрт, актерот Алек Гинис му рекол:

„Те молам, никогаш не влегувај во тој автомобил. Ако се качиш, ќе те најдат мртов за помалку од една недела!“

Но Дин не планирал да се откаже од своето ново Порше, па го повикал автомеханичарот со него, да го „почувствува автомобилот“ пред трката.

По судирот, брзата помош пристигнала брзо. Дин бил заробен во згмечениот автомобил, па морале да го ослободат. Тој бил свесен, но не го преживеал патот до болницата, во амбулантата. Во болница можеле да констатираат само смрт. Џејмс Дин почина во 18:20 часот.

Актерот имал повеќе скршеници и рани по целото тело. Вилицата му била скршена, а во официјалниот извештај од обдукцијата пишува дека починал од скршеница на вратот.

Верувале или не, Доналд Турнапсајд, човекот кој учествуваше во сообраќајката со Џејмс Дин и за кој многумина веруваат дека е виновен, остана надвор од медиумското внимание до крајот на својот живот.

Никому не му е јасно како тој човек никогаш не бил одговорен за последиците. Тој живеел уште 40 години по оваа несреќа, а починал од рак на белите дробови. Тој никогаш не зборуваше за судирот со актерот.

Аамериканскиот филмски глумец остана културна икона, која е најдобро отелотворена во насловот на неговиот најпознатиот филм, Бунтовник без причина (1955), во кој тој глуми проблематичен тинејџер од Лос Анџелес по име Џим Старк. Останатите две улоги го дефинираат неговиот статус на ѕвезда, како осаменикот Кол Траск во филмот Источно од рајот (1955), како и на груб земјоделец, Џет Ринг, во Џин (1956). 

фото:profimedia

Вечната слава и популарност на Дин, се потпираат на неговите настапи само на овие три филма, во коиги има водечките улоги. Со неговата прерана смрт, во сообраќајна несреќа, само го зацврсти својот легендарен статус.
Дин беше првиот добитник на посмртен Оскар во номинација за најдобар глумец со што и понатаму останува единствен глумец кој имал две посмртни номинации за глума.
Во 1999 година, Американскиот филмски институт го рангира Дин на 18-тото место за најдобра машка филмска ѕвезда на нивните јубиларни АФИ -100 години.

фото:profimedia

Легендарноста на Дин се препишува на потребата на јавноста од некој кој ќе може да застане позади презреаните младинци на времето, како и на андрогонијата која ја проектирал преку екраните. 


извор:stil.kurir