Беше најсексипилна актерка, па болеста и зависноста ја уништија: Денес никој не би ја препознал (ФОТО)

Фото: Printscreen

Долго време важеше за најубавата актерка во Холивуд, по која мажите воздивнуваа

Американската актерка Кетлин Тарнер остана запаметена по улогата на фатална жена во филмот „Body Heat“.

Кетлин целосно се повлече од јавниот живот, а причината е трагична. Имено, на почетокот на 90-тите ѝ бeшe дијагностициран ревматоиден артритис и лекарите ѝ предвидоа дека никогаш повеќе нема да оди.

Сепак, таа не се откажа и успеа да најде терапија која ја држи на нозе. Сепак, тоа остави трага на нејзиното тело, поради терапијата се здебели, а се шушкаше и дека утеха нашла во алкохолот.

Фото: Printscreen


Но, во нејзината автобиографија во 2008-ма година, таа призна дека дрогата „ѝ го заматила умот“. Зависноста од дрога излегла од контрола, па во 2002-ра година отишла на рехабилитација.

- Бев надуена како балон од лекови. Беше прилично грдо - објасни дека почнала да пие за да се справи со болката.

Како што рече, поради алкохолот имала проблеми со движењето, не можела да се фокусира, да се облече.

Кетлин отсекогаш имала потешкотии со сексизмот, а особено ги напаѓала Берт Рејнолдс и Николас Кејџ.

Фото: Printscreen


- Целиот мој живот кариерата ја градев на својот изглед, а кога се разболев во доцните триесетти, повеќе не бев јас. Тоа беше проблемот – изјави Кетлин во телевизиско интервју.

Денеска има 68 години, а поради тешката болест не ни наликува на заводничката која светот ја обожаваше.

Нејзиниот живот е целосно променет, а исто така и нејзиниот физички изглед.

Извор: www.espreso.co.rs