Беше сѐ полошо, на крајот само заспа: Синот на Оливер за хрватските медиуми

Добивај вести на Viber

Тешко е. Пробавме сѐ. Професорот кој го водеше лекувањето на Оливер е најдобриот во Европа, но болеста беше посилна. Им се заблагодаруваме на сите во болницата. Тие луѓе имаат навистина тешка работа, им изјави на хрватските медиуми Дино Драгојевиќ, синот на легендарниот пејач.

Пејачот бил во сплитската болница последниот месец. Семејството постојано било со него.

- Беше сѐ полошо. На крајот само заспа. Немаше болки, не беше во агонија, ниту пак се мачеше. Погребот ќе биде во Вела Лука бидејќи тоа беше негова желба отсекогаш - раскажа Дино. 

Оливер има уште два сина, близнаците Дамир и Давор.