Беше во врска со 32 години постар маж и страдаше од депресија: Филмскиот живот на Неда Арнериќ

Добивај вести на Viber

Животот на актерката Неда Арнериќ, која сношти во својот стан во Белград се обиде да си го одземе животот, е како филм. Нејзиниот брак со 32 години помладиот колега предизвика скандал во медиумите, патеше од депресија, а спас наоѓаше само во еден човек.

Родена е во Књажевац во 1953 година, а поради големиот талент и успеси може да се рече дека е една од највпечатливите актерки во поранешна Југославија. Ја викаа југословенската Ширли Темпл, со својата убавина и талент го привлече вмиманието на јавноста со филмот „Вишната од Ташмајдан“. 

За своите улоги во љубовните сцени, таа во едно интервју изјави: 

„ Немав поим за тоа и играв нешто што уште не сум доживеала. Научив многу рано дека снимањето на филм е работа која во договор со режисерот треба серизоно да се сфати“, изјавила актерката.

Арнериќ имаше три брака 

„ Во сценариото на пример пишуваше: Тие се будат наутро и по водењето љубов тргнува приказната. А јас во тоа време не ни знаев како се води љубов. Беше тоа дел од мојот занает, а јас се сметам за добар занаетчија“, додала Арнериќ.

Нејзиниот живот, покрај актерството го одбележа љубовта. Секако, најголема од нив е докторот Милорад Мештеровиќ со кого беше во брак повеќе од три децении. Др. Мештеровиќ почина на крајот на минатата година, по долга и тешка борба со ракот. Неговата смрт актерката тешко ја поднесе. 

„Тој ми е и брат и син и маж и татко и љубовник и пријател. Среќна што истуркавме толку долго заедно. Имавме разни чудесии, не бевме светци, но тој ми е најголемиот пријател“, истакна Неда во една прилика. 

Пред докторот, таа беше во брак со две познати личности, а против едниот многумина беа против, најмногу нејзината мајка. Дејан Караклајиќ, првиот сопруг и режисер со кого Неда ја сними хит-комедијата „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, по кој дојде вториот, легендарниот актер Раде Марковиќ. Поради големата рзлика во години, тој брак го сметаа за југословенска верзија на односот на Миа Фароу и Френк Синатра. Предизвика голем скандал во јавноста. 

„ Ах, со Раде Марковиќ поминав три прекрасни години. Сега се чудам колку беше постар од мене, 32 години, но меѓу нас сѐ функсионираше одлично. Не сфатив зошто луѓето се згрозуваат и се фаќаат за глава поради нас двајца, на чело со мојата мајка. Сѐ додека Раде беше жив, кога ќе се сретневме со носталгија се сеќававме на нашите години. Тој ме научи да скијам, да играм тенис, да шетам по планините. Имаше голема улога во мојот живот. Разликата во години не ја ни чувствував“, изјави Неда.

Таа никогаш не криеше дека имала проблем со депресијата, но најдобар лек за тоа ѝ беше партнерот кој почина пред два ипол месеци. 

„ Често паѓам во депресија, но таа ми поминува. Се затварам дома, со никого не зборувам, но ми поминува со помош на мојот сопруг“, изјавила актерката.

Пред три години, таа под непознати околности падна од терасата на својот стан и се здоби со тешки повреди. Медиумите пишуваа дека наводно, пред операцијата му рекла на анестезиологот дека се фрлила од тага што мажот ѝ е тешко болен.