„Бев многу тажна поради Анастасија, посакувам со Немања да добијат бебе“: Цеца проговори за најголемата болка во 2023 година
Пејачката Светлана
Цеца Ражнатовиќ неодамна истакна дека била пресреќна кога дознала дека Богдана
и Вељко го очекуваат третото момче со што го израдуваа целото семејство, а со
целото срце се надева дека Анастасија и нејзиниот сопруг Немања Гудељ ќе
добијат дете.
Фолк ѕвездата проговори за загубата која ја доживеа Анастасија и призна дека оваа огромна тага ја одбележала нејзината година. Од друга страна, голема радост доживелала и од синот Вељко, кој со сопругата Богдана го очекува третиот син. Затоа, нагласува, не може да каже дека 2023 и била лоша година.
- Беше шарена. Имав многу успешни концерти, многу радост, среќа, а имав и дел каде што доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија. Па, повторно добра вест, Богдана и Вељко го очекуваат своето трето бебе, машко - изјави Цеца, а потоа истакна дека на животот секогаш гледа од позитивната страна.
- Изминатата година беше осцилирачка. Не можам да кажам дека беше грда или светла, но пак велам животот продолжува, гледаш нешто позитивно, убаво. Важно ми е ќерка ми да е добро, изјави Цеца и отрки што посакува во 2024 година.
- Моите желби се Анастасија и Немања да добијат бебе, да го завршам албумот, да направам концерт... Желба ми е да имам 10-дневен одмор во мојот живот, но очигледно наместо на море ќе завршам во бања за рехабилитација, со пензионери, се пошегува Цеца.
Фото:Инстаграм