Бев молер а пиев скапо вино: Жарко Лаушевиќ откри што работел во САД
Актерот Жарко Лаушевиќ сподели со јавноста интересна приказна. За време на гостувањето во шоуто на Иван Ивановиќ, тој откри дека додека живел во Њујорк бил молер. Лаушевиќ раскажал дека во тоа време, во САД се гледал со НБА кошаркарските легенди Владе Дивац и Предраг Стојковиќ.
„Често Владе и Пеѓа доаѓаа во Њујорк и ме носеа на скапи вечери. Еднаш се боревме околу сметката, кој да ја плати. Само ме погледнаа и рекоа: Те молам, немој. Пиевме некое скапо вино кое чинеше не знам колку. Утредента, јас целиот мамурен отидов на работа да молерисувам. Дневницата ми беше 80 долари, а сметката во ресторанот многу повеќе од тоа“, раскажа црногорскиот актер.
Лаушевиќ лани беше гостин на филмскиот фестивал „Киненова“ во Скопје. Пред медиумите раскажа декасвојата последна ноќ на Балканот во 1994 година, пред да биде осуден на затворска казна од 15 години поради пресудата за двојно убиство, ја поминал во Скопје.
„Една од работите кои судот ми ги заплени беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Кога, по пет години излегов од затвор, ми го вратија сценариото за филмот. Ја немав таа среќа да заиграм во него, но Раде Шербеџија одлично ја одработи својата задача", рече Лаушевиќ.
На 31 јули во 1993 година, тој и неговиот постар брат Бранимир, беа нападанати од група на хулигани во близина на еден клуб во Подгорица. Тогаш Лаушевиќ од својот пиштол усмрти двајца од напаѓачите, а тешко рани еден од нив. Осуден е на 15 години затворска казна, од која издржа четири ипол години, дел во Србија, дел во Црна Гора. Откако Сојузниот суд ја укина пресудата во 1998 година, изречена му е казна од 4 години. Со оглед на тоа дека во затвор веќе помина шест месеци повеќе од тоа, пуштен е на слобода. Набрзо по судењето ја напушти Црна Гора и се пресели во Њујорк.
Фото: Блиц