Бев тинејџерка кога ме силуваа: Тајчи со години криеше дека била злоставувана
Една од најголемите поп-икони во 90-тите години, Татјана Матејаш, позната како Тајчи, еднаш откри дека била жртва на сексуално злоставување.
Како што вели, кога била тинејџерка, била силувана, но не сакала да каже никому за тоа.
- Сè уште бев во тинејџерски години, тоа беше пред да станам славна, ме силуваа и верував дека тоа е моја вина. Затоа не сакав да кажам никому. Ние мора да создадеме средина во која жена или маж нема да веруваат дека се виновни кога ќе им се случи такво нешто - призна Тајчи порано за медиумите.
Како што вели била на психотерапија со години и ѝ требало многу време да зборува отворено за тоа.
- Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за да го отворам и да го залечам - изјави Тајчи.
- Како мајка на три сина и креативен претприемач, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се занимавав и со навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство поврзано со сексуално насилство и се борев да се сакам и да јаповратам самодовербата - заврши Тајчи.
*(ФОТО) Иста како Мишел Фајфер: Пејачката Тајчи ја покажа сестрата