Ќе умрев од нападите на паника: Тајчи ја отвори душата

Некогаш најпопуларната пејачка во поранешна Југославија, Татјана Матејаш-Тајчи, која се повлече од музиката и во деведесетите се омажи во Америка, откри дека поминувала низ тежок животен период и одела на терапии. 

Пејачката од Загреб која сега го носи презимето Камерун , позната по евровизискиот хит „Хајде да лудујемо“ открила дека пред десет години поминувала низ тежок животен период и се борела со нападите на паника поради кои побарала стручна помош. 

Тајчи со сопругот Метју и со синовите 

„ Пред десет години, одев на терапија и конечно успеав да ги совладам нападите на паника. Мислев дека ќе умрам од паника. Тогаш ги однесов синовите на претставата „Мери Попинс“. Беше тоа мал чекор со кој се обидував да се вратам на старата јас. Всушност, сѐ уште бев онаа стара девојка која остави сѐ зад себе, затоа што не сакав да бидам кукла. Ги сакав своите црковни концерти, но ми недостасуваа моите „свирки“ на кои луѓето танцуваат. Ми фалеа љубовните песни кои го слават животот“, напиша Тајчи на фотографијата на која позира со своите синови.

Таа додала дека во тој период не била најдобра верзија на себе си. „Ми недостасуваше Татјана која беше самоуверена, храбра, ослободена од грижата на совест и од она што другите мислат за неа. Морав да работам на себе си, открила Тајчи. Таа признала дека работата на себе си не била ниту лесна ниту брза. Најголема мотивација ѝ биле синовите. 

Ја претставуваше Југославија на „Евросонг“ во Загреб во 1990 година.- Тајчи