Бевме сиромашни, секој ден крадев по едно чоколадо: Двејн Џонсон сега ги купи сите чоколади од продавницата од која што крадел, за да ја исправи грешката

Двејн Џонсон ги „купил“ сите чоколади во продавницата поради грешка од младоста

Популарниот американски актер Двејн Џонсон ги купи сите чоколади „Сникерс“ во продавница на Хаваи, за да исправи грешка од младоста.

Причината за купување на сите чоколади во продавницата не е затоа што сака да ги јаде, туку за да ја поправи својата грешка.

Имено, како четиринаесетгодишен тинејџер, Двејн живеел на Хаваи и секој ден крадел по едно Сникерс чоколадо на пат кон теретаната каде што вежбал. Неговото семејство било многу сиромашно, немал пари да си купи па решил да краде.

„Не можеме да го промениме минатото, и не можеме да промениме некои од глупавите работи што сме ги направиле, но понекогаш можеме да направиме нешто за да се искупиме за лошите дела, како и да ги насмееме странците“, изјави актерот Двејн Џонсон.

View this post on Instagram

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)


Освен чоколадите, актерот ги плати и сметките на сите луѓе кои случајно се најдоа во продавницата.

- Конечно го истерав овој проклет чоколаден демон кој ме голта со децении.

Бевме избркани од Хаваи во 87 година и по сите овие години - конечно се вратив дома за да ја исправам оваа грешка.
Бев скршен по ѓаволите, па секој ден од 7/11(продавница) крадев Сникерс на пат кон теретана, цела година кога имав 14 години.
Сникерс беше мојот преддневен тренинг.

Истата продавачка беше таму секој ден и секогаш само ја вртеше главата и никогаш не ме караше иако знаеше дека крадам.

Можеби за некој е глупо, но секој пат кога ќе се вратам дома на Хаваи и поминувам покрај 7/11, отсекогаш знаев дека треба да влезам и на вистински начин да го купам секој Сникерс што го имаат.
И како бонус беше многу забавно да се погрижам за сите што влегоа во 7/11 додека бев таму - рече актерот.

View this post on Instagram

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)



извор:rts

Преплавена со емоции и солзи радосници: Актерот Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа од соништата

Заслужуваш многу повеќе: Двејн Џонсон ѝ подари автомобил на мајка си

Двејн Џонсон повторно ги воодушеви фановите: Што правеа сега со ќеркичката?