БИХ: Четворица под истрага за сексуална експлоатација на деца, најмалото на само 2 години

Четири лица од Босна и Херцеговина се под истрага поради сомнение дека учествувале во сексуална експлоатација на деца, а нивните најмлади жртви имале само две години, објави денеска Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Како што соопштија од седиштето на МУП во Бања Лука, осомничените се уапсени од областа Приједор, Добој, Сребреница и Милиќ, а по кривичната постапка која заврши на 19 октомври, привремено се пуштени на слобода.

Досега е утврдено дека посетувале веб-страници кои содржеле материјали со детска порнографија, преземале фотографии и видеа, а потоа користеле социјални мрежи и апликации за комуникација за споделување или примање такви материјали во неколку наврати.

Детали читајте на Фактор тука.