Битолчанката Ирена која го освои најпосакуваниот ерген во австралиско реално шоу, стана мајка: На свет ја донесе ќерката Ава Александра

Добивај вести на Viber

Битолчанката Ирена Србиновска која се омажи лани за најпосакуваниот ерген од австралиското шоу во 2020 година и направи филмска свадба, стана мајка.

Таа објави фотографија на Инстаграм и напиша дека доби ќерка со нејзиниот сопруг Локлан Гилберт: „Ава Александра Гилберт“.


Во 2020-та година, во шоуто околу десетина девојки се бореа за љубовта на ергенот Локлан Гилберт, а единствено Ирена Србиновска, девојката со македонски корени, која живее во Мелбурн го освои срцето на Локи, а со тоа ја однесе и победата во самото шоу.

Дека нивната љубов е вистинска, Ирена и Локи докажуваат со тоа што веќе три години се заедно во добро и лошо. 

Имено токму на 10-ти март минатата година направија романтична и тајна свадба во Мелбурн.

И Ирена и Локи имаат 33 години и живеат во Перт, а објаснуваат дека имаат многу посебна инспирација кога станува збор за нивниот брак, односно дека родителите на Србиновска се во среќен брак цели 37 години. 

Двојката ја криела подготовката на свадбата шест месеци, а што ќе се случува знаеле само нивните родители, кумот и старосватицата. 

- Имавме голем коктел, наместо свечена свадба и дочек. Беше тоа една голема македонска свадба, па имаше многу играње, пиење и јадење. Сакавме малку поинаква атмосфера. Имавме 200 гости - и тоа беше откако моравме да го намалиме списокот - откри младоженецот Локи за свадбата на која се играло и традиционално македонско оро.

Фото: Инстаграм

Битолчанката Ирена која го освои најпосакуваниот ерген во австралиско реално шоу направи тајна венчавка од бајките: Македонско оро, 200 гости и меден месец на Фиџи